Во Полициското одделение Старо Нагоричане вчеравечер околу 19 часот било пријавено дека во двор од викенд-куќа во селото Војник бил пронајден починат сопственикот, на возраст од 75 години, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институт за судска медицина за обдукција. Увид извршила екипа од СВР Куманово.