Протестите за заедничка Македонија продолжуваат

„ Насекаде низ државата се слуша гласот на народот за заедничка Македонија. Македонија се најде во опасност бидејќи е загрозен националниот идентитет, а загрижува и ниската национална свест кај дел од Македонците, рече Дивна Јанкова на синоќешниот протестен марш  во организација на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.

Дејан Ѓорѓиевски во својот говор пред присутните истакна дека оние кои гласале за СДСМ не гласале за платформи,ниту за менување на македонскиот идентитет.

18 –тиот протестен марш синоќа заврши во мирна атмосфера, а протестите продолжуваат и наредните денови.

Коментари

коментар(и)