Расте бројот на новозаболени во Куманово, но и во земјава

Бројката на активни случаи на корона вирусот во земјава достигна над 20.000. Само вчера во земјава се регистрирани нови 1.254 случаи позитивни на вирусот, со што бројот на активни достигна 20.114. Меѓу вкупниот број на позитивни има и 169 реинфекции.

Се зголемува бројот на новозаболени и во Куманово. Во моментов активни на вирусот во најголемата општина се 890 лица. Според статистиката во текот на минатата недела во Куманово се регистрирани значително поголем број нови случаи споредбено со неделата претходно. Евидентирани се вкупно 540 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претходно, биле регистрирани 483 новозаболени.

 

Коментари

коментар(и)