Неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна вчера била пронајдена во двор во кумановската населба Ајдучка чешма, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.