Здравствен дом Куманово денеска свечено ја пушти во употреба здравствената амбуланта – служба за вакцинација. Станува збор за проект вреден пет милиони денари, обезбедени од Фондот за здравствено осигурување во рамките на кој е реконструиран дел од амбулантата во населбата Тоде Мендол, а реновираните простории ќе бидат наменети за училишна вакцинација. Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари.
На свеченото отворање на службата за вакцинација присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.