Ресторанот за здрава храна ги решава проблемите со дебелината на децата и адолесцентите во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија

На почетокот на ноември 2017 година учесничките во проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени”, поддржани од нивните ментори, ги претставија своите концепти за социјални претпријатија пред засегнатите страни и потенцијалните инвеститори од прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија. Прекуграничното жири имаше  тешка задача да го изгласа победничкиот  концепт. Експертите  едногласно го избраа ресторанот “Робин ФУД“.

Од ноември до јануари екипата на “Робин ФУД“, со помош на професионални ментори и екипата на FEMTERPRISE, напорно работеше на трансформирање на концептот во реално социјално претпријатие. Социјалната мисија на “Робин ФУД“ беше идентификувана, по што учесниците развија детален бизнис план, претпријатието беше регистрирано и продолжи да бара финансирање. Претпријатието  е со седиште во Куманово, Република Македонија, каде што ќе се наоѓа идниот ресторан.

Во рамките на проектот FEMTERPRISE беа развиени и обезбедени вкупно 6 концепти за социјални претпријатија во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија. Можете да ги видите сите претставени концепти и да ја  дадете својата поддршка за нив откако ќе се регистрирате како претприемач, ментор или инвеститор во Мрежата на жените-претприемачи www.femterprise.com.

Мрежата FEMTERPRISE има за цел да им овозможи на жените претприемачи и социјални претприемачи од Бугарија и Македонија да се поврзат со ментори и потенцијални инвеститори како да  создадат заемно деловни односи. Повеќе за FEMTERPRISE и посебно за ресторанот “Робин ФУД“, можете да најдете на  нашата страница на Фејсбук, како и нашето промотивно видео.

Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Крајниот рок за имплементација на проектот е 15 месеци.

Проектот е ко-финансиран од страна на ЕУ преку Интеррег-ИПА ПРОГРАМА Р.Бугарија – Р.Македонија

 

Коментари

коментар(и)