Ретроспективна изложба на фотоколонијата „Старо Нагоричане 2016- 2019“

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток во 12 часот, ќе биде отворена Ретроспективната изложба на уметничка фотографија од Фотоколонијата “Старо Нагоричане 2016 – 2019“.

Изложбата содржи триесетина фотографии од исто толку автори – фотографи од целиот Балкан, учесници на колонијата. Настанот е организиран од Фото секцијата „Ф-7“ од Куманово и координаторот Душан Доцевски, а посетителите, следејќи ги пропишаните здравствени протоколи, ќе можат да ја погледаат оваа изложба секој работен ден до 4.03.2021 година. За поздрав деновиве е и идејата на граѓаните во чест на големиот југословенски кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ, да се пуштаат неговите песни од звучникот на Центарот за култура, а денеска можеше да се чујат и делата на Вивалди.

 

Коментари

коментар(и)