Преполни контејнери, расфрлан отпад околу нив, непријатна миризба и револтирани граѓани се секојдневна слика во повеќе населби низ градот, истакна на денешната прес-конференција претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Дарко Ристовски. Тој ги прашува надлежните – зошто и покрај бројните реакции од граѓаните, состојбата на терен продолжува да се влошува?