Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие, на барање на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски интервенирале на депонијата Краста и пожарот е локализиран, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, пожарникарите вчера гаснеле и опожарена кујна во приватен стан на булеверот „Октомвриска револуција“ , а во селото Речица- сува трева.