„Самоуки 2021“ во четврток во Центарот за култура

Во четврток со почеток во 19 часот во изложбениот салон на Центарот за култура ќе се претстави најновото издание на традиционалната ликовна манифестација „Самоуки 2021“.

На отворениот конкурс којшто беше објавен во почетокот на месец мај се пријавија дваесеттина автори со повеќе свои творби но стручната комисисија при Центарот за учество селектираше 18 автори коишто ќе бидат претставени со четириесеттина дела – слики, цртежи и скулптури.

Иницијативата за организирано претставување на неакадемски ликовни автори се јави при крајот на деведесеттите  а во Центарот прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 год.  Изложбата ќе биде поставена до 24-ти јуни.

Коментари

коментар(и)