Самохрана мајка бара помош од добронамерните

Пристигна првата помош за семејството Анѓелковиќ. Претставници на Центарот за социјални работи  и на Црвениот крст од Куманово денеска ја посетија дваесетгодишната Венера , која со својата ќерќичка , по опожарувањето на станот во скопската населба Ѓорче Петров, привремено живее кај роднини во селото Табановце. Во пожарот освен без стан , Венера останала и без својата мајка, која починала гушејќи се од чад . Во моментот на несреќата , на седми јануари- Божиќ, Венера со својата ќерќичка била на гости.

-Ние пред тоа бевме кај сестра ми , кога ни се јавија за пожарот, отидовме во скопје, видовме какво е и видовме дека не може да се остане таму, и моравме некаде да се сместиме, дојдовте тука, ќе останеме колку што е потребно. Од понеделник ќе се средуваат работите, ми кажаа да одам во центаерот за социјални работи во Скопје и да ни помогнат за реновирање на станот, за мебелот, за се.

Венера е самохрана мајка ,невработена , корисник на постојана парична помош , право што го остварува во рамките на центарот за социјални работи во Скопје. Од формално – правен аспект и месната надлежност, можностите на кумановскиот  центар за социјални работи и општина Куманово се ограничени бидејќи опожарениот стан е на територија на општината Ѓорче Петров, а Венера е корисник на парична помош од центарот во Скопје, посочува директорката Александра Арсовска. Но , со координаирани активности со министерството за труд и социјална политика и со министерката, вели директорката , дека ги информирале надлежните институции , а на Венера  и се дадени совети и упатстав за понатамошно постапување. Секако дека се превземени и активности за помош и поддршка на младата самохрана мајка во соработка со црвениот крст и хумани граѓани. на ова семејство сечија помош е добредојдена.

-Помошта значи многу како што немаме ништо значи многу. Кој што може и колку може нека помогне, за нас значи многу , изјави Венера.

Младата мајка искрено се надева дека институциите и добронамерните граѓани ќе помогнат што побрзо да се реновира опожарениот стан за да може со своето дете да се врати во Скопје.

Коментари

коментар(и)