Санирани дефектите на возилата на „Чистота и зеленило“

Со санирање на дефектите на дел од возилата на „Чистота и зеленило“, веќе се нормализира изнесување на сметот, информира директорот на комуналното претпријатие Ненад Стојановски. Toj уверува дека сега камионите се во исправна состојба и сметот, како и досега, се изнесува по определени денови и термини во различни региони од Куманово.

Проблемот со изнесувањето на смет, според Стојановски ќе се реши со поставување на осумдесет полуподземни контејнери на повеќе локации на градот, но и поголема ангажираност на инспекциските служби.

Повеќе од изјавата на директорот Ненад Стојановски во вестите во 18 и 22 часот.