Санкционирани над педесет возачи во Куманово

СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (15.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Куманово изречени се вкупно 51 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, 7 за непропуштање пешаци на пешачки премин, 8 за недозволено запирање и паркирање и 3 санкции за возење без возачка дозвола.

Секторот за внатрешни работи Куманво апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Коментари

коментар(и)