Санкционирани се околу двеста возачи во државата во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 184 возачи. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место. Исто така, вчера, МВР во периодот од 06.00 до 11.00 часот на територијата на Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 36 возачи. За време на контролата санкционирани се и 114 останати прекршоци.