Санкционирани 135 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 135 возачи.

Од нив,  осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)