Санкционирани 18 пешаци на подрачјето на СВР Куманово

Поради непочитување на сообраќајните прописи, вкупно 18 пешаци се казнети вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (10.02.2022) од 10.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 13 во Куманово, 4 во Крива Паланка и 1 во Кратово, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)