Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи на територијата на земјава спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели од МВР.
Санкционирани 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници
