Џез фестивал во Куманово

Во НУЦК  „Трајко Прокопиев“ вчеравечер се одржа првата вечер од овогодинешното издание на Џез фестивалот Куманово 2021.

Пред публиката нaстапија Jazzna & Flat Five и Џоле Максимовски трио.

Во големата сала на центарот за култура фестивалот продолжува и вечерва, а свој настап ќе имаат Марко КараТеодосиев трио и EQUINOX.

Влезот е бесплатен, но бројот на гости е ограничен на 200 посетители. Задолжително при влез посетителите треба да приложат и сертификат за ковид вакцинација.

Проектот е финансиран од Министерство за култура во областа на музичката и музичко – сценската дејност, а организатор е ИНУКС Куманово.

Коментари

коментар(и)