Светски ден против насилство врз новинари

Закани, тужби за клевета, етикетирање и говор на омраза се само дел од предизвиците со кои новинарите кај нас се соочуваат секојдневно.  Шест новинари биле физички нападнати во Македонија само од почетокот на 2015 година до денес. Денеска  на  одбележувањето на  Светскиот ден против нападите врз новинари, нашите колеги сведочат дека извршувајќи ги работните задачи секојдневно се изложени на ризик, а во најголем број случаи и на вербални напади.

-Ние не бираме што треба да информираме и што ќе информираме . Секогаш кога ќе информираме некому нема да му се допадне тоа што ќе го слушне и почнуваат вербални напади, најмногу сме изложени на вербални напади, па после и на физички напади, го имавме и случајот  со нашиот  колега во Скопје што беше физички нападнат.  Ќе дадеме апел до сите во државата, до сите наши колеги да бидеме сплотени да бидеме единствени бидејќи само така ќе можеме да го победиме атакот врз новинарите, изјави Сузана Андоновиќ, новинар-Радио Бум

Според Здружението на новинари на Македонија, досега има регистрирано вкупно 35 напади врз новинари. Ниеден од нив не е расветлен, ниту пак некој од насилниците е казнет.Нашата колешка Андоновиќ смета дека новинарите не се заштитени буквално од никого, оставени се сами на себе поради што неопходна е  институционална заштита.

-Тоа е институционално, имавме и пример во Србија кога една новинарка беше омаловажена од министер, а тој веднаш беше разрешен, кај нас тоа не се случува, можеби кај некого ќе се разбуди свеста,  изјави Андоновиќ од Радио Бум.

Новинарите од Куманово се единствени во ставот дека престапниците кон новинарската професија треба да бидат поригорозно казнувани.

Коментари

коментар(и)