Свечено отворање на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово”
Во организација на КУД „Панче Пешев“ вчеравечер во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев” започна тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, под покровителство на општината.
На сцената се претставија фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Грузија.
Фестивалот го отвори претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска истакнувајќи ја важноста на културата и традиционалните вредности.