СВР Куманово: Автомобил удрил во 86 -годишен кумановец

Вчера во 10 часот било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“, патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 48 годишен кумановец удрило во пешак, информира СВР Куманово.  Во незгодата пешакот , 86 -годишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)