СВР Куманово: Малолетници употребувале пиротехнички средства на плоштадот

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер околу 21 часот на плоштадот „Маршал Тито“, полициски службеници забележале тројца малолетници кои што употребувале пиротехнички средства. При преглед кај нив се пронајдени 27 парчиња пиротехнички средства, а подоцна во полициска станица со нив е извршен службен разговор во присуство на нивните родители.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија надлежните.