51 – годишен жител на Куманово вчера во 13.40 минути пријавил во СВР Куманово дека на паркинг простор кај локалитетот Серава, додека неговата малолетна ќерка била со другарка, едно машко лице го повлекло девојчето кон него, но бил забележан од друго машко лице и го напуштил местото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Куманово завчера лишиле од слобода 40-годишен кумановец затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Истата вечер, во 21 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 43-годишна жена од Црна Гора, со престој во Куманово. Таа се сомничи дека на 03.02.2025 одзела пари од 70-годишен кумановец. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.