Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека ноќеска десетина минути по полноќ во полицијата било пријавено дека во централното градско подрачје била забележана поголема група на млади лица кои носеле фантомки и дрвени палки. Истите биле пронајдени и им биле одземени предметите. Тие ќе бидат повикани во полициска станица и со нив ќе се изврши службен разговор, а по консултација со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија надлежните.