По повод 17-ти март, Денот на крводарителите, општинската организација на СДСМ Куманово организираше крводарителска акција на која учествуваа членови, симпатизери на партијата и бројни граѓани.
-Досега одзивот е добар имаме доволно пријавени луѓе кои сакаат да даруваат крв и се надеваме дека акцијата ќе биде успешна. Годишно организираме од 2 до 3 крводарителски акции, доколку има потреба организираме и повеќе. Одзивот секогаш е добар граѓаните се тука за да помогнат и да ја даруваат својата крст на оној на кој му е потребно-изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ.
Крводарителите истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во ваквите хумани акции.
-Во последно време редовно давам на секои 3-4 месеци така кога има особено акции од партијата. Чувствувам некоја обврска за хуманитарни цели, можеби ова за мене е нешто, за некого можеби многу ќе значи…порака до сите кои се чувствуваат, добри, здрави нека проработи она добро во нив, за хуманитарни цели, мислам некој ќе биде многу благодарен-изјави еден од крводарителите.
Акцијата традиционално се одржа во соработка со Црвен Крст.Инаку, На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија.