Сертификати за успешна реализација на „Нашата приказна- вистинска приказна“

Успешна реализација на втората фаза од меѓународниот проект „Нашата приказна -вистинска приказна “ што го имплементира основното училиште „ Толи Зордумис“ заедно со уште осум училишта од европските држави. 36 –мина наставници и координатори на проектот од Европа изминативе пет дена учествуваа во изработката на куклената претстава, а воедно разменуваа   искуства, методи и техники за работа со децата со посебни потреби со своите колеги, домаќини од основното училиште „Толи Зордумис“.

-Премногу сме задоволни од нашиот наставнички кадар кој ги покажа сите техники на правење на кукли и реализирање на куклен театар. На гостите им ги покажавме убавините на наша убава Македонија, гу вкусија традиционалните специјалитети, а воедно беше промовирана и книгата од 900 страници издадена од наша страна во рамките на проектот „Нашата  приказна- вистинска приказна“,  изјави Наталија Спасовски, координатор на проектот

Проектот  трае три години, а наредната година во третата фаза ќе се снима видео материјал од збирките кои опфаќаат  прибирање  разни легенди, сказни, приказни.

Основното училиште „Толи Зордумис“  како добар домаќин се потруди покрај работниот дел , да им обезбедина на партнерите во проектот и културно – забавен живот  со посета на  историско –културни знаменитости во Куманово, Скопје и Охрид, со македонските обичаи и традиција.

Меѓународниот проект е поддржан од Европската Комисија и Македонската  Национална Агенција,  главен координатор  е Полска.

 

Коментари

коментар(и)