Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски во изјава за МИА потврди дека екипи на јавното претпријатие од општината заедно со механизација на Водостопанство од Куманово ги расчистуваат најкритичните локации, по излевањето на реката Пчиња од своето речно корито за околу 20 сантиметри во близина на Меморијалниот центар АСНОМ.
-Најкритичните локации се покриени со екипи, со механизација на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ се расчистуваат од наносите од дрвја, гранки кај мостовите. Засега нема пријави за штети, изјави Славковски.
На терен интервенираат и екипи на ЈП „Чистота и зеленило“.
