Се користат услугите на Советувалиштето за жртви на семејно насилство
Во рамки на проектот „Комфор зона за жени” пред две години беше отворено Советувалиште за жртви на родово базирано и семејно насилство, по завршувањето на јавен повик за финансирање на проекти преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).
Програмата е финансирана од ЕУ, спроведена од УНДП и општина Куманово.
Повикот беше реализиран согласно програмата на секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики и ЛЕР при општина Куманово, за 2022 година.
Ова советувалиште продолжи да фунционира и во наредниот период (2023 и 2024 година), со финансиска поддршка на општината, преку програмата на сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
Советувалиштето обезбедува специјализирани услуги за советување при остварување на социјални права, правна помош, психолошко и кариерно советување.
Сите кои што имаат потреба од услугите на ова советувалиште можат да се јават на бројот 031 524 060.