По повод Месецот на книгата, библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово го спроведе осумнаесеттиот општински натпревар „Млади библиотекари“.
На овој натпревар учествуваа вкупно 20 ученици од основните училишта од нашиот град. Натпреварот беше спроведен со физичко присуство со почитување на мерките за заштита од ковид 19.
Првите тројца најдобри ќе бидат наградени, а најуспешниот учесник на овој натпревар ќе ја има честа да да учествува на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 12-ти ноември 2021 година во Национална универзитетска библиотека „Григор Прличев“, информираат надлежните.
