Паднала ограда кај основно училиште, тешко повредена кумановка

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 02.09.2024 год. во 08.22 часот било пријавено дека кај основно училиште кај „Соколански парк“ се откачила ограда и паднала на У.П. (60) од Куманово, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Куманово за укажување помош.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.