Се поставува бекатон во Лопате
Почна поставување бекатон во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. Бекатон се поставува на клучни улици кои го поврзуваат селото со регионалниот пат Куманово-Липково. На тендерот се пријавиле пет компании, избрани се две кои ќе ги санираат оштетените површини во две зони од градот, источна и западна. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се над 16 милиони денари.