(ВИДЕО) Се собираат потписи за советнички листи за локалните избори

Во Куманово веќе се собираат потписи за советнички листи во Советот на Општина Куманово за локалните избори. Носител на листата на граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ е Милош Стаменковиќ, а на граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“ ,   Сузана Ѓорѓевиќ.

Во Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово посочуваат дека има интерес кај граѓаните за давање потписи за двете независни листи, а потребната бројка е 450 потписи.  Канцеларијата на ДИК  работи од 8 до 20 часот, а за престојниот викенд на 27, 28 и 29 август ќе работи до 21 часот.

Собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори завршува на 30 август на полноќ.

Инаку, досега само ВМРО-ДПМНЕ официјално го објави кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Тони Михајловски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчера презентираше 16 имиња на кандидати за градоначалници на претстојните локални избори со што вкупно досега имаат 50 кандидати за општините низ државата, но вчера не го соопштија кандидатот за најголемата општина во државата, Куманово

На прашањето дали имало жестока дебата за кандидатот за Куманово, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски со одговор дека дебата имало за секоја општина.

До крајот на месецот, како што рече тој, се очекува нов состанок на партиските органи и ќе се излезе со уште кандидати.

Еден од кандидатите, актуелниот градоначалник Максим Димитриевски за Слободен Печат изјавил дека очекува да го поддржи партијата.

Но, кандидатура освен него поднесоа и актуелниот пратеник и претседател на општинската организација на партијата Мартин Костовски, секретарот на општинската организација и директор на АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, како и актуелната претседателка на Советот Атина Мургашанска.

Коментари

коментар(и)