Се уредува локалната инфраструктура во Куманово

Општината продолжува со уредување на локалната инфраструктура во градот.

Денеска се поставуваат бекатонски плочки на улица „53“ во населба Карпош.

Во текот на вчерашниот ден на ул. „421“ во населба Иго Тричковиќ, а се започна и сo подготовка за уредување со бекатон на просторот пред зградите на улица „Тоде Думба“ во населба Гоце Делчев. Претходно се уредуваа улички и во населба Ајдучка чешма.