На Граничниот премин Табановце, царинските службеници спречиле обид за шверц на часовници.
Според соопштението на Царинска управа, царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра. Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење, информираат од Царинската управа на Македонија, стои во соопштението.
Запленетите производи биле предадени на Основно јавно обвинителство Куманово.