Повеќе од осум километри од речните корита во кумановско се исчистени во изминатиот период, а навремено се детектирани и критичните точки соопшти денеска раководителот на АД Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ Дарко Живковски.
„Во кумановскиот регион периодов немаше излевање на реките од речните корита, а што се однесува до акумулациите Глажња и Липково состојбата е стабилна и се очекува водостојот да расте, посочуваат надлежните. Во моментов во акумулациите има 13 милиони метри кубни вода“, истакна Живковски.