СЗМ организира Светосавска академија

Оваа година се навршуваат десет години откако Србите како етничка заедница во Македонија одбележуваат  свој национален празник на 27 јануари. Традиционално по повод празникот Свети Сава“ во Куманово во  организација на регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија се одржува Светосавска академија. Сите кои што сакаат да присуствуваат на академијата и да ја проследат богатата културно –уметничка програма тоа можат да го сторат утревечер во народниот театар со почеток во 19 часот, информираат организаторите.

Во културно-уметничката програма ќе настапат актери од Народниот театар од Белград, солистите Даница Крстиќ, Момир Брадиќ и Весна Павловиќ, ќе дојдат  музички уметници од Скопје, Наташа Диденко -мецосопран Александра Коцевска, Глигор Гелебешев – клавир  и КУД „Српски вез “ од Куманово кое ќе се претстави со две кореографии, изјави Горан Зафировиќ, СЗМ, регионален одбор Куманово

На Светосавската академија се очекува присуство на заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, пратеникот Иван Стоилковиќ, претседателот на Српската заедница во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска, амбасадорот на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ и останати граѓани.

-Малку сме ограничени со просторот во народниот театар Куманово,  центарот за култура ги задоволува нашите потреби каде што има околу 750 места. Од година в година овој празник се повеќе добива на интензитет и се повеќе граѓаните на РМ кои што се чувствуваат како Срби се изјаснуваат како Срби по национална припадност и за нив овој ден е неработен, изјави Горан Зафировиќ, претседател на СЗМ, Куманово

Светосавска академија по повод Националниот празник на Србите во Македонија  ќе се одржи во повеќе градови во државата, во Пробиштип, Тетово, Битола, а централната манифестација ќе биде организирана на 27 јануари во МНТ во Скопје.

Коментари

коментар(и)