Син убил татко во населбата Иго Тричковиќ

Син убил татко попладнево во населбата Иго Тричковиќ , позната меѓу кумановци како Пуковско. Како што информираат од СВР Куманово, полициски службеници од СВР Куманово околу 16 часот го привеле 40- годишниот Б.Ј.  од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот 65 -годишен татко, кој им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР Куманово.

Ова се првичните информации за семејната трагедија во Иго Тричковиќ. Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден.