Министерството за внатрешни работи денеска започнува со тестирање, калибрација и верификација на уредите за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, активностите ќе се спроведуваат во периодот од денеска до 31 јануари, секој ден од 08:00 до 20:00 часот.
Во првата недела од предвидениот период, тестирањата ќе се одвиваат исклучиво на подрачјето на Скопје.
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат трпение и разбирање со цел непречено и безбедно спроведување на активностите.
Проектот „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на прекршоците преку современ систем за видео-надзор.
Според најавите од надлежните, системот „Сејф сити“ треба официјално да почне да функционира од 1 февруари.