Четириесет и петгодишен жител на Скопје е спроведен во кумановскиот затвор, откако претходно бил фатен со над 300 грама хашиш во кумановско.СВР Куманово поднесе кривична пријава против 45-годишното лице поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од кумановската полиција.
Имено, завчера на локален пат во атар на село Никуштак, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле и одзеле наркотична дрога хашиш со нето тежина од 306.2 грама. По спроведена постапка пред Основен суд Куманово, лицето било спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање.