Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека викендов полициски службеници лишиле од слобода 36-годишна скопјанка затоа што во угостителски објект во село Зебрњак, кумановско физички нападнала 46-годишна кумановка.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.