ЈП „Чистота и зеленило“ викендов организираше акција за собирање на кабаст отпад на четири локации во градот.
Големите контејнери беа поставени на паркинг просторот кај ТППЕ Куманово, кај градскиот базен, кај локалитетот „Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев“ и во населбата „Тоде Мендол“ кај место викано „Бараки“.
Граѓаните вообичаено не покажуваат интерес за ваквите бесплатни акции, а речиси секојдневно покрај контејнерите може да се види одложен кабаст отпад (градежен шут, различни апарати за домаќинство и сл.)
Надлежните од комуналното претпријатие постојано потсетуваат дека во правилникот на „Чистота и зеленило“ постои можност за самостојна услуга за собирање на кабаст отпад од домовите, како и поставување на корпа за градежен шут или столарија во близина на секој објект кој се реновира, по дополнителна цена утврдена од Совет на Општина Куманово.