Собирна акција по повод Недела на борба против гладта

Општинска организација на Црвен крст Куманово по повод Неделата на борба против гладта која траеше од 16-22 октомври 2024 година, под мотото „Помислете и на нас“ спроведe кампања за помош на најранливите категории на граѓани. Активностите беа насочени кон доброволни прилози наменети за набавка на прехранбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за овие граѓани.

Во еден трговски центар и во маркет во градот беа поставени штандови за собирање на прехранбени производи, како и каси за парични средства.

Дводневна собирна акција имаше и во ООУ „Христијан Карпош“, OСТУ „Наце Буѓони“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Бајрам Шабани“.

По повод недела на гладта во соработка со Народна кујна во Куманово волонтерите помагаа при дистрибуција на храна.

Од собраната храна како и од собраните парични средства ќе се направат прехранбени пакети за најзагрозените семејства од Куманово, Општина Липково и Старо Нагоричане кои во текот на неделата ќе бидат дистрибуирани до корисниците.

 

Коментари

коментар(и)