Советниците би поддржале референдумско изјаснување

Доколку граѓаните сметаат дека треба на референдум да се изјаснат по однос на некое битно прашање односно проект кој што треба да се реализира на територијата на општина Куманово, советниците секако дека ќе им дадат поддршка , вели претседателот на советот Александар Арсиќ, по вчерашното референдумско изјаснување на граѓаните на Гевгелија против отворање на рудник на територијата на градот.

– Ова рефендумско барање е регулирано и спрема закон и спрема статут така што може референдумот да го распише по барање советот, или пак по иницијатива на 20 проценти од граѓаните на општина Куманово така што во рок од 40 дена советот мора односно  е должен да распише референдум по одредено барање за кое ќе се изјасни за или против по  барањето кое е поднесено како иницијатива од 20 проценти на граѓани. На секоја општина им посакувам да си ги остваруваат своите права да си ги решаваат на начин согласно со закон и на оној начин на кој граѓаните ќе имаат најголем интерес и најголема придобивка, изјави Александар Арсиќ , претседател на Совет на општина Куманово

– Ќе ја почитуваме секоја нивна иницијатива , доколку е издржан предлогот секако дека ќе добие поддршка од сите советници, изјави Тони Трајковски, советник

Вчера се спроведе успешен референдум во Гевгелија, По изгласаниот референдум, Советот на општината е должен да ја спроведе одлуката на граѓаните. Законски, одлуката што ќе се изгласа на референдум е обврзувачка и нејзиното спроведување е задолжително.

Коментари

коментар(и)