Советот на општина Куманово ќе одржи седница следниот вторник

Во вторник следната седмица, ќе се одржи 47-та седница на Советот на општина Куманово со дваесетина точки на дневниот ред.

Пред советниците ќе се најдат  Тримесечниот извештај за финансиско работење на јавните пртетпријатија  „Водовод“, „Куманово гас“,  „Куманово план“ , „Куманово паркинг и „Чистота и зеленило“. Советниците ќе треба да се изјаснат и за предлог – програмата за изменување на програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на општина Куманово за 2024 година, предлог – одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во општина Куманово, акциски план за одржлива енергија и клима на општина Куманово, предлог – програма за измена на програмата за развој на социјалната заштита во општина Куманово за 2024 година, како и предлог – програма за измена на програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година.

Ќе се расправа и за останати теми.

Коментари

коментар(и)