Успешната соработка помеѓу Општина Куманово и Бригадата на Југоисточна Европа, со седиште во касарната Боро Менков, во Куманово, резултираше со нова донација, наменета за најмалите во спортско – рекреативниот центар кај Спортска сала, објави Општина Куманово.
Според објавата, донацијата се состои од детски реквизити за обнова и уредување на постоечко детско катче кај тениските терени во спортскиот комплекс. Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, во знак на благодарност и досегашната несебична поддршка, му додели плакета на командантот на СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Билбил Битри, по потпишаниот договор за донација, од двете страни.