Спасовски: Најважно е да најдеме решение за регистарските таблички што ќе биде најдобро за граѓаните

„Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент“, изјави Спасовски во гостување на утринската програма на Македонската национална телевизија.

„Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со четири бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети“, истакна министерот Спасовски.

„За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опциона можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас“, рече Спасовски

Коментари

коментар(и)