Претставници на Советот на родители и месната заедница Тромеѓа попладнево ќе се сретнат со менаџментот на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ да поразговараат за темата за која деновиве се почесто се пишува на социјалните мрежи и ги вознемирува учениците и родителите, за наводното затворање на училиштето.
Директорот на училиштето Слаѓан Спасовски тврди дека подрачното училиште во село Тромеѓа нема да се затвори.
„Нашата цел во ниту еден момент не е згаснување на овој важен образовен центар, туку изнаоѓање решенија за негов опстанок и развој во време кога сите се соочуваме со предизвикот на намален број ученици во руралните средини, а притоа следејќи го и процесот на оптимизација во основното образование што се спроведува во Република Македонија“ по насоките од МОН, истакна Спасовски во телефонски разговор.