Специјалниот обвинител ќе работи на случајот „Куманово“

Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева најверојатно ќе работи и на случајот „Куманово“ против членовите на вооружената група кои беа уапсени по инцидентот во населбата „Тоде Мендол“  пренесуваат повеќе медиуми.

Обвинителите доделени на случајот, по собирањето на докази, изјавиле дека ќе го предадат случајот на понатамошна обработка на новиот специјален обвинител, кој беше избран денеска, по политичкиот договор меѓу најголемите партии во оваа земја.

Специјалниот обвинител за ова прашање, дискутирал денеска на средбата со македонскиот министер за правда Аднан Јашари.

Македонското обвинителство подигна обвиненија против вкупно триесет луѓе, од кои 19 се граѓани на Косово , а  11 се државјани на Македонија.

Во престрелката што се случи во населбата „ Тоде Мендол “  на 9 и 10 мај оваа година беа  убиени 10 членови на вооружена група и 8 полицајци  од македонската полиција.

Советот на јавни обвинителите доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Јанева за специјален јавен обвинител, со што се испочитува крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

Катица Јанева доаѓа на новата должност од местото обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, каде што работела  од 2003 година.

Јанева, студирала на Правен факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а правосуден испит положила во 1996 година. Учествувала во повеќе проекти надвор од Македонина за борба против организиран криминал и корупција. Член е на работна група избрана од Здруженито на јавни обвинители на РМ за нацрт закон за јавна постапка. Работи и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

 

 

Коментари

коментар(и)