Над три илјади монети со археолошка вредност биле откриени вчера кај албански државјан на Граничниот премин Табановце при обид да излезе од државата, соопшти МВР.
Како што инфромираат надлежните, при преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, лицето било селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.
– Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка, велат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.