Србин превезувал мигранти низ Куманово

Педесетгодишен државјанин на Србија бил приведен утринава откако бил виден дека превезува мигранти од Авганистан.

Oд полицијата информираат дека тој бил затекнат на улицата „Србо Томовиќ“, каде што со патничко моторно возило „мерцедес“ превезувал пет лица -мигранти од Авганистан.

Србинот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)